На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“. Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“. Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата „Бутел“, од 12 до 13 часот. Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.