Големи реки, канали и езера во кинеската провинција Гуангдонг се соочуваат со опасни поплави, поради што владата денеска одобри акционен план за итни случаи за заштита на повеќе од 127 милиони луѓе.
Нарекувајќи ја ситуацијата „мрачна“, локалните метеоролошки власти рекоа дека делови од реките и притоките во речните сливови Ксиџијанг и Пејџијанг го достигнуваат највисокото ниво на водата, што се случува само еднаш на секои 50 години, според државната телевизија CCTV објвено во неделата.
Heavy floods in Shaoguan, Guangdong this afternoon!(2024-04-20) pic.twitter.com/0guCmDF7To
— Jim yang (@yangyubin1998) April 20, 2024
Огромни поплави се очекуваат во басенот Пејџијанг, објави CCTV, повикувајќи се на кинеското Министерство за водни ресурси, кое издаде итно предупредување.
Официјални лица во провинцијата Гуангдонг ги повикаа локалните власти да започнат со планирање за итни случаи за да се избегне природната катастрофа и да се дистрибуираат средства и материјали за да се обезбеди храна, облека, вода и засолниште за погодените луѓе.
Покраината изминатите неколку дена се справува со обилни дождови и силен ветер поради топлотниот бран што погоди неколку делови на Кина во последните неколку недели.
Силен дожд паѓаше 12 часа, почнувајќи од 8 часот навечер во саботата по локално време, во централните и северните делови на покраината во Жаокинг, Шаогуан, Кингјуан, Џиангмен.
On April 20th, Shaoguan, Guangdong, was hit by flooding, causing widespread water and power outages, and significant flooding throughout the city. pic.twitter.com/nXpoHGkbZP
— chen Z (@cz8921469_z) April 21, 2024
Речиси 20.000 луѓе се евакуирани во Кингјуан, според државните медиуми, а дел од енергетската инфраструктура е оштетена во Џаокинг, каде на некои места имало прекини на струја.
„Погледнете го округот Хуаиџи во Џаокинг, кој стана град на вода. Постарите и децата во руралните средини не знаат што да прават без струја и сигнал“, рекол корисник на популарната социјална мрежа Веибо.
Многу хидролошки станици во покраината бележат нивоа на вода повисоки од нормалното, предупредија метеоролошките експерти, а во главниот град на провинцијата со 18 милиони жители, Гуангжу, езерата го достигнаа врвот на нивото на водата, соопштија градските власти во неделата.
Во соседната провинција Гуангкси, западно од Гуангдонг, силните ветрови уништија згради, покажуваат снимките објавени од државните медиуми. Некои места беа погодени и од град и големи поплави, објави CCTV.