Во дербито на дното, во рамките од 28. коло во прволигашката фудбалска конкуренција во Македонија, Вардар е поразен од Воска (0:1) и падна во опасната зона. За дебитантот во прволигашката конкуренција Воска спорт од Охрид ова е трет успех против „црвено-црните“. Победникот го одлучи Аќимовиќ со погодокот во 32. минута. „Црвено-црните“ ја имаа иницијативата, но создаде само две изгледни шанси и не шпостиогнаа гол за израмнување. Ова беше прва победа за Воска по серијата од шест меча без триумф. Најголем добитник од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига е Струга која повторно им избега на конкурентите за шампионската титула. Бранителот на титулата славеше на гостувањето кај Македонија ЃП со 1:0 и ги искористи ремито на Шкупи во Кратово и поразот на Шкендија во Кавадарци за да направи предност од три бода пред чаирчани и шест пред тетовскиот тим.
Резултати: Вардар – Воска 0:1 (Аќимовиќ 32) Гостивар – АП Брера 1:1(Кехинде 58 – Трајков 90) Македонија ЃП – Струга ТЛ 0:1 (Ибраими 24) Силекс – Шкупи 0:0 Тиквеш – Шкендија 2:1 (Спахиу 3′, Малески 62 – Тотре 23) Вчера: Брегалница – Работнички 0:1(Гандо 59) ТАБЕЛА
Струга 58 бода, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера АП 34, Работнички 34, Воска 31, Вардар 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25.