Коносителката на ИЕ5 , на коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на средба со компаниите членки на Регионалната стопанска комора Битола, заедно со носителот Јован Митрески и кандидатот за пратеник Матодија Илиевски, порача дека нема откажување од силна домашна економија, која ја отвораме кон големиот европски пазар.
Претставувајќи ја програмата за следниот мандат порача дека сега е вистински момент за освојување на големиот европски пазар и дека заедно ќе успееме македонката економија да биде европска.
„Во новиот мандат нашите граѓани ќе имаат просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра. За прв пат во историјата имаме едноцифрена невработеност од 7 проценти”, рече пред стопанствениците на овој регион Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека заедно со нив, СДСМ и коалцијата носат нова енергија во македонската економија, и подобар животен стандард.
„ Преку директна финансиска помош од 200 евра, во времетраење од една година од вработувањето, за прво вработување на млади лица до 26 години ќе обезбедиме клучна поддршка за олеснување на нивниот влез во работната сила”, порача коносителката Костадиновска-Стојчевска која додаде дека СДСМ има предвидено 180 милиони евра помош за развој на македонските компании.
„Носиме 3,5 милијарди капитални инвестиции за напредок на економијата и отворање нови работни места”, вели Костадиновска-Стојчевска претставувајќи ја изборната програма во Изборната единица 5.
Костадиновска-Стојчевска, со носителот на ИЕ5, Јован Митревски и кандидатот за пратеник, Методија Илиевски, порача дека Владата предводена од СДСМ заедно со бизнис секторот ја преброди економската криза и дека сега имаме нови предизвици пред нас – повисок стандард и побогат живот за нашите граѓани.