Во следните 12 часа, во најголем дел од Македонија ќе продолжат врнежите од дожд, особено во западната половина тие ќе бидат обилни и локално поројни, проследени со ретки грмежи.
На повеќе места ќе наврнат нови од 10 до 20 литри дожд на метар квадратен, додека во западната половина локално и до околу, па и над 30 литри дожд.
Ќе дува ветер од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе биде засилен на интензитет (повремено до околу или над 60 км/час), додека провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.
Во Скопје и околината исто така продолжува врнежливото време, па така во следните 12 часа се очекува во делови од Скопскиот регион да наврнат и до околу или над 20 литри дожд.
Во ваква состојба можно е зголемувања на нивоата на реките и езерата низ Македонија. На возачите им препорачуваме внимателно да управуваат со своите возила, особено доколку минуваат покрај водотеците.