Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
За усвојување на законот, кој на Конгресот помина по неколкумесечно одложување, гласаа 79 сенатори, а 18 гласаа против, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.
За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден.
Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел и околу 8,12 милијарди долари за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индо-Пацификот.