Од јадранската магистрала кај градот Крвавица кај Макарска во 15:45 часот локален автобус излетал од патот, пишува ДалмацијаДанас. Автобусот слетал во амбис на 60 метри од патот. Во него бил само возачот, а на местото на несреќата веднаш пристигнале итна медицинска помош и полициски службеници од Сплитско-Далматинската полиција.
Возачот е пренесен во болница и засега не е позната неговата состојба. На патот во близина на местото на несреќата имало голема гужва, а на терен се и пожарникарите.
Од возачите се бара внимателност и трпение, а полициски службеници вршат увид на местото на несреќата.