Кандидатката за пратеничка од СДСМ во шестата изборна единица Ема Нешкоска денес во Основното училиште „Единство“ во Гостивар донираше над 200 лектири за ученици од второ до шесто одделение.
„Денес, ги вратив спомените од моите први училишни денови и во училиштето каде што го завршив основното образование, а во пресрет на денот на македонскиот јазик, донирав повеќе од 200 лектири за ученици од второ до шесто одделение. Се сретнав со луѓето кои ми ја дадоа основата на образованието и описменувањето и заедно заклучивме дека општествено одговорното однесување е одлика која се стекнува од мали нозе. Книгите се најдобриот пријател на детето, а нивното дарување е задоволство кое нема цена„ пишува Нешкоска на социјалните мрежи.