Дваесет и петгодишна Србинка била приведена ноќеска на аеродромот во Скопје. „Денеска (29.04.2024) во 02.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол“, информираат од МВР. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.