На синоќешниот митинг, министерката за одбрана и носителка на пратеничката листа на СДСМ и Коалицијата во ИЕ6 Славјанка Петровска најави изградба на споменик на загинатите бранители од 2001 година во масакрот кај Вејце.
„Денес се навршија 23 години од загинувањето на припадници на безбедносните сили кај Вејце. Загинаа затоа што ДПМНЕ и тогаш, како и сега посакуваше војна. И цели 11 години додека беа власт не се сетија да изградат достоен споменик. Ама затоа изградија споменици и налепнија лажен барок низ Скопје. И затоа што искрено се поклонувам пред делото на загинатите започнав постапка за изградба на споменици на местата на кои загинаа. И тоа ќе го остварам. Ние знаеме кои сме. Јас сум Славјанка Петровска и сум горда Македонка која ја сака Македонија. И затоа што ја сакам ќе се борам за европска, развиена и богата иднина за Македонија“ рече Петровска.