Македонската машка одбојкарска репрезентација направи неочекувана рокада во стручниот штаб пред стартот на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година, откако на селекторското место го промовира досегашниот соработник Хари Наковски. Досегашниот селектор Јошко Миленковски останува покрај репрезентацијата во нова улога. Најви постепено повлекување, но ќе биде секогаш на располагање како логистика и потребна помош на новиот стручен штаб во работата да се остварат посакуваните резултати. Македонија ќе одигра шест натпревари во Европската златна лига, а возбудувањата ќе ги почне на 17 мај против Естонија, по што треба да игра против Чешка, Азербејџан, Белгија, Хрватска и Шпанија. Подготовките за н овите предизвици за македонските одбојкари ќе почнат на 2. мај во Струмица каде ќе останат до 8. кога ќе отпатуваат на пријателски натпревари со Романија.