Честитка на Николовски за Рамазан Бајрам: Нека е честит и благословен празникот

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до сите припадници на исламската вероисповед во земјава посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба:

„Во  мое име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом! Добрината, меѓусебното почитување, разбирање и помагање се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме.Да го продолжиме заедничкиот пат, да го негуваме и градиме концептот едно општество за сите, во духот на солидарноста и меѓусебната доверба, за подобра иднина за сите нас.Заедно и сплотени да бидеме позитивен пример за генерациите што доаѓаат. Примете ги моите честитки во овие празнички денови на Рамазан Бајрам во духовен мир, радост и среќа“, се вели во честитката од Николовски.

Треба да знаете
Последни објави