Доаѓа сезоната на божиќни филмски маратони, кои со пристапот до „Нетфликс” и другите стрим-платформи, честопати траат и подолго од порано.
Но, дури и најтврдокорните вљубеници на божиќните филмови сè уште имаат тајни за откривање – сигурно има по некоја тривијалност пикантерија или ситница што сме ја пропуштиле дури и при 10-то гледање на некој ваков семеен филм. Следат 20 факти…
- Некои од приказните на американскиот радиоводител Жан Шепард, кои на крајот стигнаа до сценариото за „Божиќна приказна”, првпат биле објавени во списанието за возрасни, „Плејбој”.
- Сега обожаваната класика, „Животот е прекрасен” (Life is Beautiful) доживеа целосен неуспех, кога беше објавена во 1946 година.
- Британската глумица Ема Томпсон носела „дебел” костим при снимањето на филмот „Всушност љубов” (Love Actually).
- Џим Кери работел со стручњак на ЦИА – обучувач за издржување тортура, за полесно да мине низ болниот процес на шминкање на Гринч во „Како Гринч го украл Божиќ” заснован на приказната на Д-р Суз.
- Осумгодишната Натали Вуд во „Чудото на 34. улица” (Miracle on the 34th Street – 1947), верувала дека Истмонд Гвен навистина е Дедо Мраз.
- Во „Божиќната приказна на Мапет шоу” (The Muppet Christmas Carol), сенишниот изглед на „минатиот Божиќ” е постигнат со потопување на куклата во вода.
- Според надзорниот аниматор на „Кошмарот пред Божиќ” (The Nightmare Before Christmas) – Ерик Лејтон, филмот е снимен со 24 фрејмови во секунда. Тоа значи дека ликовите морало да бидат наместени во 24 различни пози за секоја дел од секундата во филмот.
- Една епизода од реалното шоу „Разбивачи на митови” (MythBusters) докажа дека јазикот може веднаш да се залепи на столбот за замрзнување како во „Божиќна приказна”.
- Во „Дедо Мраз” (The Santa Clause – 1994), гледачите може да забележат скриено знакче со Мики Маус додека Дедо Мраз и Чарли минуваат покрај Месечината со санки.
- Вил Ферел јадел премногу шеќер додека го снимал „Елф” поради проблеми со спиењето.
- Ерик Лојд, кој го глумеше Чарли во „Дедо Мраз”, ги скрши предните заби кога паднал на сцената мораше да носи протеза на снимањето.
- Јапонскиот цртан филм во техника со испрекинато движење – „Рудолф – еленчето со црвено носе”, во најголем дел (особено аудиосегментот) е снимен во Канада.
- Снимката од парадата на Денот на благодарноста на Мејси во „Чудото на 34. улица” е вистинска.
- Џим Кери првично требало да глуми во „Елф”.
- Композиторот Дени Елфман сè уште немал сценарио кога дошло време да ја напише музиката и стиховите за мјузиклот „Кошмарот пред Божиќ”. Своите песни ги засновал само на разговори со режисерот Тим Бартон.
- Гринч беше црно-бел во оригиналната книга на д-р Суз, а режисерот Чак Џонс да го направи зелен за цртаниот филм од 1966 година.
- „Животот е прекрасен” е прогласен за најинспиративен филм на сите времиња од страна на Американскиот филмски институт.
- Помладиот брат на Маколи, Киран Калкин има мала, епизодна улога како братучед на главниот лик Кевин – детето кое мокреше в кревет во „Сам дома” и „Сам дома 2″.
- По објавувањето на „Сам дома 2″, во хотелот „Плаза” во Њујорк беа нудени семејни престои, каде што можат да ја пресоздадат авантурата на Меколи Калкин во собата 411 – „апартманот на Кевин”, за 1.100 долари од ноќ.
- Иако е филм за празниците, првиот филм „Чудо на 34-та улица” се појави во кината во јуни 1947 година – зашто продуцентот Дерил Занук тогаш сметал дека повеќе луѓе одат в кино лете.