Ирина Шајк го украде шоуто на светската премиера на ноар-трилерот на Гиљермо дел Торо „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley) во средата во Њујорк, каде се појави во знак на поддршка на својот поранешен партнер, ѕвездата на филмот, Бредли Купер.
Покажувањето на поддршка доаѓа во време на шпекулации дека поранешниот пар можеби повторно се здружил по низата јавни излегувања со нивната ќерка Леа (4), а Бредли (46) очигледно не сака да ги демантира ваквите тврдења кога ја нарече нејзината поддршка „посебна“ во кусото интервју за „Ентертеинмент викли“ на црвениот тепих.
Манекенката (35) доминира во атрактивна креација на црвениот тепих на кој ги засени присутните филмски ѕвезди.
Таа изгледа сензационално во стилски црн костум со пругаст дезен.
Сакото со двојно закопчување го носи отворено за да открие што има под него – впечатливи топ од црна кожа што го истакнува деколтето и едвај ги покрива градите.
Русинката го комплетира својот изглед со црни чевли со високи потпетици.
Една од најубавите жени на светот веќе со години е заштитно лице на повеќе луксузни брендови. Харизмата со која зрачи и беспрекорната фигура се заслужни за големиот успех на модната сцена.
Нејзиниот поранешен партнер и човекот на вечерта, Бредли на себе има елегантен црн костум со тенки ревери. Костимот го спои со класична бела кошула и тенка црна вратоврска.
Минатиот месец, еден инсајдер забележа дека парот се зближува со заедничкото родителство, што ги подгрева гласините за повторно обединување.