Салвини му порача на Макрон да оди во Украина да се бори

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини остро го осуди предлогот на Емануел Макрон за испраќање војници во Украина, велејќи дека политичарите кои изразуваат такви идеи се опасни за општеството.

Одговарајќи на новинарско прашање за неодамнешните изјави на Емануел Макрон и поранешниот италијански премиер Марио Монти дека Западот не треба да ја исклучи можноста за испраќање војници во Украина, Матео Салвини рече дека неговите колеги „треба да се опорават“.

„Оние кои го имаат овој став и зборуваат за тоа како да е нешто нормално (а тоа важи и за Макрон и за Монти) се опасни“, вели италијанскиот вицепремиер, пренесува „Паризиен“.

„Ако сакаат да се борат, нека одат веќе утре во Украина, таму ги очекуваат“, додаде тој.

Во март Салвини веќе зборуваше за испраќање војници. Тогаш овој италијански политичар го обвини францускиот лидер дека „претставува опасност за нашата земја и нашиот континент“.

Треба да знаете
Последни објави