Владата на Република Србија денеска испрати втор авион со хуманитарна помош во знак на солидарност и поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа. Пратката се состои од храна, медицинска опрема, шатори за сместување на раселеното население и вода неопходна во сегашните услови во Газа и е дел од вкупно 900-те тони хуманитарна помош за Газа. -Вчера го испративме првиот авион со 52 тони помош, денеска оди вториот, а остатокот од помошта ќе се транспортира со брод. Хуманитарната помош ќе биде дистрибуирана со помош на Министерството за надворешни работи и Црвената полумесечина на Египет, изјави министерот за трговија Томислав Момировиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.