Бројот на загинати во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 136, а 125 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Претходно беше соопштено дека во поплавите загинаа 126 лица.
Околу 537.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите.
Обилните врнежи, поврзани со овогодинешниот силен Ел Нињо, предизвикаа неколку реки и езера во тој дел на Бразил да го достигнат највисокото ниво досега и да се излеат од коритата.