ВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“

Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата – реагираат од коалицијата ВЛЕН по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова без „Северна„ во Собранието.

– Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по уставно право. Северна Македонија е полноправен член на НАТО Алијансата и со почнати преговори со ЕУ, но не чекаат уставни измени за да продолжиме по европскиот пат. Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, се вели во соопштението од потенцијалниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата чија кандидатка беше Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави