Две први места за македонските пингпонгари на Конект Балканската лига

Македонските претставници освоија две први места на турнирот Конект Балканска лига одржан изминатиот викенд во Приштина. 

Моника Стајковска и Кристијан Каламадевски победија во категоријата У-15 екипно, додека , Стајковска беше прва во У-15 поединечно. 

Пласман на другите македонски репрезентативци:
Екипно:
(У13) Мартин Ристески и Марковска Елена, 4. место;
(У11) Бојана Јовевска и Дарис Мемиќ, 3. место

Поединечно:
(У15)Кристијан Каламадевски – 3. место
(У13)Марковска Елена – 2. место
(У13) Мартин Ристески – 4. место
(У11) Бојана Јовевска – 2. место
(У11) Дарис Мемиќ – 4. место

Покрај македонските, на турнирот учествуваа и домашни натпреварувачи од Косово, како и пингпонгари од Црна Гора и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави