Англиските фудбалски премиерлигаши Toтенхем и Манчестер сити вечерва (21 ч.) ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 34. коло кој може да го најави расплетот во трката за шампионската титула. На актуелниот шампион Манчестер сити потребна му е победа за да го прескокне Арсенал на лидерската позиција и во последното коло да влезе со предност за одбрана ан титулата. Арсенал вечерва како ретко кога ќе навива за лутиот градски ривал да победи или да освои барем бод. Такво сценарио би значело дека Арсенал како лидер ќе влезе во последното коло. Ако Тотенхем остане непоразерн на вечерашниот меч Арсенал и Манчестер сити ќе имаат ист број на бодови по 86. Арсенал ќе остане лидер поради подобриот меѓусебен дуел (1:0, 0:0) во пресрет на последното коло во „топчиите“ ќе играат против Евертон, а Манчестер сити со Вест Хем.