Откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја прозва министерката за одбрана Славјанка Петровска за наводни договори за одредени промени на систематизација во секторот одбрана 24инфо.мк побара став од Петровска.
,,Уште го држи еуфоријата од славењето, и не разбрал убаво што доушниците му шепнале и се разбира повторно лаже.
Еве неколку прашања да одговори тој, кога ќе може:
Зошто го избришавте името Македонија од статутот на ДПМНЕ?
Дали меѓу актите што ќе ги поништувате во Министерството за одбрана ќе биде и решението со кое незаконски си унапреден…?
Кој ќе биде министер за одбрана во владата на ДПМНЕ, ти кажаа или ти скрија исто како за милјардата?” вели Петровска за 24инфо.мк.