Институтот за семејни студии ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството

Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет на УКИМ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството 15 Мај кој е прогласен од Обединетите нации во 1993 година.

Настанот ќе го отворат раководителката на Институтот за семејни студии Ирена Авировиќ-Бундалевска, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателот на студентското собрание на факултетот Дамјан Бужарвски и Тања Јосимовска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“-Скопје.

Пред нивните обраќања, ќе има ликовна работилница со ученици од ова училиште. Ќе бидат промовирани Протокол за обезбедување квалитет за семејна поддршка и студентското списание „VOX“.

 -Овој ден се обележува насекаде во светот и целта е да се подигне свеста за важноста на семејството и да се поттикне јавноста да даде поддршка за семејствата кои се соочуваат со економски, општествени и интелектуални проблеми.

Денот дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и за зголемување на знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејствата, соопшти Институтот за семејни студии.

Треба да знаете
Последни објави