Полицијата во Москва испитува анонимни дојави за бомби на повеќе објекти во градот, изјави извор од безбедносните служби, пренесе „ТАСС“.
„Постојат околу десет адреси во централниот, административен дел од градот што ги проверуваме, сите места се истражуваат, а зградите се евакуирани“, потврди за руската новинска агенција неименуваниот извор.
Руските медиуми јавуваат дека засега не се откриени сомнителни предмети.