Почина и мајката на осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ

Светлана Д, мајка на Дејан Д. осомничена за убиството на двегодишната Данка Илиќ почина во селото Злот, објавија српските медиуми. Засега не се познати причините и времето на смртта.

Нејзиниот син Дејан Д. е во притвор бидејќи е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, додека нејзиниот втор син Далибор Д. почина на 7 април за време на полицискиот притвор.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации го уапси Срѓан Ј. и Дејана Д. од Бор, кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Треба да знаете
Последни објави