Ердоган: Нетанјаху го чека истата судбина како Младиќ и Караџиќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече „касапот на Газа“, го чека судбината на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ .
Ердоган тоа им го кажа на членовите на пратеничката група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во турскиот парламент.

-Запомнете, Хитлер не беше сам кога го изврши холокаустот. Многу земји во Европа го поддржаа Хитлер.

Додека Хитлер вршеше безмилосни масакри и геноцид, тој се чувствуваше многу силен, моќен и непобедлив. Што се случи? Се застрелал во главата, а неговото изгорено тело било пронајдено во неговиот бункер, кој бил во урнатини, како и Германија – рече Ердоган, пренесе Анадолија.

Тој нагласи дека Европа и многу земји застанале и зад лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, додека тие, како што рече, „вршеле злосторства“ во Босна.

-Убија 8.372 наши браќа Босанци пред очите на светот. Никогаш не помислиле дека еден ден ќе мора да платат за тоа. И што се случи? Тие беа фатени, изведени на суд и тие некогаш „моќни“ политичари и геноцидни генерали беа повикани на одговорност. Сега чекаат смрт во затвор. Не заборавајте, „касапот на Газа“ Нетанјаху и неговите соучесници во геноцидот во Газа, порано или подоцна го чека истата судбина – подвлече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави