Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава. Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д. М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д. М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија. Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/picture-469-660x486-1.jpg)