Денеска во 17 часот и 30 минути на влезот во населеното место Аксаково крај Варна излетал автомобил во кој се возел копретседателот на партијата Промените Продолжуваат и екс бугарски премиер, Кирил Петков.
Како што јавуваат бугарските медиуми несреќата ја предизвикал автомобил кој наеднаш влегол во спротивна насока.
„Во автомобилот се возеле маж и жена на возраст над 60 години. Веднаш пристигнала полиција, има повредени“ објавено е на профилите на социјалните мрежи на партијата Промените продолжуваат. .