На свеченото доделување на наградите на манифестацијата „Најуспешни жени менаџерки за 2024″, организирана од агенцијата „Марили” за најуспешни менаџерки беа прогласени десет менаџерки од Р.С.Македонија и три од Р.Србија и Р.Хрватска.
Годинашни лауреатки од земјава се Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм” – Скопје. Од регионот награди се доделени на Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија.
Манифестацијата „Избор на најуспешни жени” преку Марили Бизнис клубот спојува над 150 жени менаџерки кои соработуваат, се вмрежуваат, организираат хуманитарни настани, но и поттикнуваат млади жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.