„Време е режимот во Киев да ја препознае реалноста на теренот. Се надевам дека оваа порака, која многупати е повторена, ќе биде разбрана и дека Западот ќе разбере дека е време да престане да ја жртвува Украина за апсолутно залудни цели“, рече Лавров во интервјуто, чиј фрагмент објави новинар, Павел Зарубин на неговиот канал Телеграм.
Лавров го советуваше и Западот да се опушти. „Совршено ги разбираме можностите што ги имаме, вклучително и сите случаи на развојот на ситуацијата околу Украина“, додаде тој.
Разговорот со првиот руски дипломат се одржа на маргините на државната посета на рускиот лидер Владимир Путин на Кина на 16 и 17 мај.