Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен.
„Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, соопшти државната телевизија.
Ројтерс објави дека хеликоптерот целосно изгорел во падот, повикувајќи се на ирански претставник.
„Во несреќата целосно изгоре хеликоптерот на претседателот Раиси… за жал, се стравува дека сите патници се мртви“, рече официјалниот претставник.
Државната иранска телевизија: Потврдена е смртта на претседателот
Потврдено е дека иранскиот претседател, министерот за надворешни работи и уште неколку лица загинале во хеликоптерската несреќа, јави државната телевизија.
Државните медиуми јавуваат дека хеликоптерот се забил во врвот на планината.