На експресен начин, со чисти 3:0 во победи во финалната серија со Партизан, екипата на Црвена ѕвезда дојде до трофејот во регионалната кошаркарска АБА лига.
Во третиот натпревар одигран синоќа, „црвено-белите“ како гости славеа победа над градскиот ривал со 82:76.
Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Митровиќ и Рокас Гиедраитис со по 12 поени, кај Партизан се истакна Алекса Аврамовиќ со 17 поени.
За МВП на плејофот е прогласен Јаго Дос Сантос. Тој во текот на плејофот имаше просек од 11,7 поени, 4,43 асистенции и 3,14 скока по натпревар.