Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилна по минатонеделниот обид за атентат.
Премиерот закрепнува, објави во понеделникот на социјалните мрежи болницата Рузвелт во Банска Бистрица, додавајќи дека Фицо комуницира.
„Неговите воспалителни маркери полека се намалуваат. Господинот премиер се уште е под наша грижа“, напишаа од болницата.