Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници во Парламентот.
Единствена точка на дневен ред на 78. седница на Комисијата е Предлог-законот за изменување на законот за вработените во јавниот сектор во прво читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на 72. седница ќе расправаат за Иницијативата за надзорна расправа по Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, поднесена од пратеникот Панчо Минов.