Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски со три гола и асистенција ја заврши сезоната 2023/24 во дресот на Хајдук во хрватскиот шампионат. Сплитските „бели“ на гостувањето во Загреб кај Локомотива победија со 5:2. Трајковски како играч на Хајдук во првенството на ХНЛ постигна вкупно 7 гола сезонава и имаше 3 асистенции на 17 одиграни натпревари за „белите“. Клубот од Сплит во шампионатот заврши на третото место зад Динамо Загреб и Ријека.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/trajkovski-soigraci-hajduk.jpg)