Северна Кореја ја информира Јапонија дека ќе лансира сателит

Северна Кореја ја информира Јапонија дека во рок од осум дена ќе лансира ракета што носи сателит.

Подготовките за лансирање почнаа уште на полноќ, а во информацијата се идентификувани три поморски опасни зони каде би паднале остатоците од проектилот – две западно од Корејскиот Полуостров, а другата источно од филипинскиот остров Лузон, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Официјални лица од Јапонија, САД и Јужна Кореја потврдија дека ќе ја повикаат Северна Кореја да го суспендира планот, бидејќи секое лансирање проектил што користи технологија за балистички проектили би било кршење на резолуциите на Обединети нации.

Треба да знаете
Последни објави