Повеќе од 600 лица исчезнаа по лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Очајните жители на северот на Папуа Нова Гвинеја копаат по камења и кал за да ги извлечат телата откако се верува дека лизгање на земјиштето затрупало најмалку 670 луѓе, јавува Би-би-си.

Досега се пронајдени помалку од десет тела, а напорите се отежнати поради недостигот на опрема. Локалните медиуми објавија дека еден пар бил извлечен жив бидејќи нивниот дом не бил целосно затрупан.

Службите за вонредни состојби, пишува Би-би-си, даваат приоритет на евакуацијата на луѓето од областа каде што условите остануваат неизвесни, соопштија службите за помош.

Серхан Актопрак од Меѓународната организација за миграција рече дека спасувачките тимови се соочуваат со голем број тешкотии. Тој вели и дека роднините не сакаат да пуштат тешка механизација во близина на куќите на своите најблиски.

„Луѓето користат стапови за копање за да дојдат до телата“, рече тој.

Во свлечиштето беа затрупани повеќе од 150 куќи, а 1250 луѓе се раселени.

„Тлото е прилично нестабилно во моментов и постои ризик да предизвикаат нови лизгања на земјиштето“, рече Џастин Мекмахон, координатор на една од агенциите за хуманитарна помош.

Екипите на местото на настанот, исто така, велат дека спасувачките операции се отежнати поради големите оштетувања на единствениот пат што води до градот.

Треба да знаете
Последни објави