Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска ги критикуваше „израелските окупациони власти“ за воведување казнени мерки против палестинските власти.
Говорејќи на состанокот во Брисел, каде што беше присутен и палестинскиот премиер Мухамед Мустафа, Борељ ги наведе предизвиците со кои се соочува палестинската влада, јавуваат медиумските агенции.
Меѓу тие предизвици се „опасната социо-економска криза, влијанието врз хуманитарната трагедија во Газа, затворањата наметнати на Западниот Брег и други казнени дејствија како што е најавата на израелските окупациони власти дека ќе ги задржат сите даночни приходи што припаѓаат“ на Палестинските власти, пренесува Политико.
Борел истакна дека ЕУ е најголемиот донатор на помош за Палестинците и дека долго време ја поддржува „изградбата на палестинска држава“.
Ирска, Норвешка и Шпанија во средата објавија дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај за да обезбедат крај на израелската офанзива на Појасот Газа и да ги оживеат мировните преговори кои беа во застој пред една деценија.