Во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција на кошаркарската НБА-лига, Минесота ги совлада Маверикс со 105:100 во Далас и намали во серијата кој прв до четири победи на 3:1. Далас прокоцка шанса да ја заврши работата на домашен терен и да обезбедат пласман во големото финале, каде веќе се пласира Бостон Селтикс од Истокот. Лука Дончиќ повторно стигна до трипл-дабл (28 поени, 15 скока и 10 асистенции), но промаши 14 од 21 обид од поле, додека Кајр Ирвинг погоди само шест од 18 обиди, мечот го заврши со 16 поени. Ентони Едвардс со 29 поени, 10 скока и девет асистенции беше најдобар кај Минесота каде се истакна и Карл-Ентони Таунс со 25 поени. Петтиот натпревар на распоредот е во Минеаполис в петок.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/12262328-750x538-1.jpg)