Мисовски и Мираковска од НСДП ќе делуваат опозициски во Собранието

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која вчера се оддржа во хотел Хилтон во СкопјеИнформираат дека извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен.

-По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав.

Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на следната седница во месец септември, стои во соопштението од партијата.

Претседателот на НСДП и пратеник, Горан Мисовски неодамна во изјава за медиумите информира дека ќе делуваат опозициски. Покрај него, и Соња Мираковска е избрана за пратеник во новиот состав на Собранието од редовите на НСДП. Ваквата реакција следуваше откако анонимни профили на социјалните мрежи и дел од медиумите објавија дека пратеници од партијата која беше дел од заедничката „Коалиција за европска иднина“, ќе се придружат на парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ кое веќе брои 58 пратеници.

Ваквите наводи ги демантираше и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Треба да знаете
Последни објави