За новите цени на нафтените деривати денеска ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно претходната одлука на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,00 ден/лит.
За половина денар поскапеа дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,453 (денари/килограм)