Во продавниците сите изгледаат сочни и превкусни, но често можеме да бидеме излажани и да купиме краставици кои имаат горчлив вкус, кои се непријатни за јадење. Ако ги ставите во салата, ќе ѝ го расипете вкусот, но сеоак немојте да ги фрлите, можете да направите еден брз и тотално бесплатен трик со кој ќе го спасите нивниот вкус.
Корисник на социјалните мрежи го сподели овој едноставен трик како да ја извадите горчината од краставицата. Таа вели дека советите ги добила од роднина и дека трикот секогаш функционира.
Како да ја извадите горчината од краставицата?
Прво, отсечете го едниот крај на краставицата, само горниот дел, а потоа со него истријте го другиот дел од краставицата додека не се формира пена. Таа во видеото покажа како се прави тоа.