Трагедијата се случила на паркин пред приватен училишен комплекс во главниот град на Ломбардија, во кој се сместени градинка, основно и средно училиште. 18-месечната Софија починала во болница во Бреша, Италија, откако во неа удрил автомобил пред градинката додека била со баба и.
Во девојчето удрил автомобил управуван од баба на прваче. Како што пишуваат италијанските медиуми, таа го паркирала автомобилот од едно на друго паркинг место, но наводно не го видела девојчето.
Малата Софија паднала на земја и ја удрила главата.
Брзата помош пристигнала брзо, а девојчето било реанимирано на лице место, бидејќи доживеала срцев удар. Потоа ја префрлиле во болница, но малата Софија не преживеала.
И нејзината баба се здобила со неколку скршеници, и во шок е пренесена во болница.
Несреќата се случила во шпицот, кога децата го напуштаат училиштето, од кои некои биле сведоци на трагедијата.