Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, останува без првото место

Поради повреда на коленото, најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот Ролан Гарос, соопштија денеска организаторите на турнирот.

Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3.

Токму на тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено, за што се испостави дека е посериозна повреда.

Треба да знаете
Последни објави