Младата и ектремно талентирана виолинистка Ева Богоевска, откако со својот талент го покори светот, денес на свет го донесе своето прво дете и се оствари и во улогата на мајка.
Таа на социјалните мрежи ја сподели убавата вест дека со сопругот Антонио станале родители на машко дете.
Бебето доби несекојдневно име, Иан, а под објавата се редат честитки од сите страни.
Среќниот пар во април месец и официјално стапи во брак, а заедно беа долги години наназад. Виолинистката моментално е дел од Македонска Филхармонија.
(Н.Ј.)