Во хотелот Александар Палас денеска се одржува 29тиот Конгрес на СДСМ.
Откако беше утврден доволниот број на делегати Конгресот започна по што свои обраќања имаа Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ кои дадоа отчет за сработеното на парламентарните и претседателските избори.
Во моментов има пауза од еден час по што работата продолжува.
Инаку целото раководство на СДСМ е во оставка а нов претседател ќе се бира на 30 јуни.