Во СВР Тетово било пријавено дека вчера во 13.25 часот во кругот на основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово, електричен тротинет удрил во малолетник, по што лицето кое го управувало го напуштил местото.
Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МБР.