Без расправа и едногласно, Собранието денеска ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на законодавниот дом.
За Милошоски гласаа 69 пратеници, за Митрески 82, а за Бендевска 70 пратеници гласаа ЗА.
Веднаш потоа се пристапи кон давање свечена изјава, а пратеникот Милошоски, кој од здравствени причини не беше присутен на денешната седница, свечената изјава ќе ја даде на првата наредна седница.