Проверете ја важноста на вашите патни исправи пред да тргнете на одмор

Често се случува многу луѓе да заборават да ги земат пасошите со себе, а уште почесто се случува да не видат колку време им е валидна патната исправа, па се чудат кога на граница ќе ги известат дека документот не им одговараат на правилата на земјата во која одлучиле да престојуваат.

На сопствениците им останува да утврдат дали нивните патни исправи се валидни, како и да проверат кои се условите што треба да ги исполнат за земјата што решиле да ја посетат.

Грција

Доколку патувате во Грција, вашиот пасош мора да има важност најмалку три месеци, сметајќи од моментот кога треба да ја напуштите територијата на Грција.

Турција

Кој ќе реши годишниот одмор да го помине во Турција, треба да знае дека важноста на личниот документ за преминување на границата мора да важи најмалку 150 дена од денот на официјалното влегување на територијата на споменатата земја.

Хрватска

Кога се зборува за Хрватска, патната исправа мора да има рок на важност од најмалку три месеци, сметајќи од датумот кога е планирано враќањето.

Албанија

За Албанија доволно е патниците да имаат валидна биометриска лична карта или пасош, за да можат да влезат на територијата на оваа земја.

Египет

Египет во последно време е една од најпосетуваните земји, а потребно е да се знае дека за оваа земја потребна е туристичка виза која можете да ја добиете на аеродромите низ целата земја, додека оние кои патуваат  од аеродромот во Каиро им се препорачува порано да добијат виза преку конзулатите во земјата во која живеат. 

Црна Гора

Исто така, граѓаните на нашата земја можат да влезат во Црна Гора со важечки пасош или со важечка лична карта.

Секогаш се препорачува да ги проверите таквите информации на официјалната веб-страница на ресорното министерство или да контактирате со конзуларното претставништво на одредената земја пред да тргнете на патувањето.

Треба да знаете
Последни објави