Македонката Милјана Релиќ освои златен медал во сениорки -62кг и стана европска клупска шампионка на Европското Клупско Првенство во таеквондо. Таа златниот медал го освои со 4 победи и повторна без изгубена рунда. Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранкинг листа.
Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал.
Во првото коло, Мила беше слободна, во второ коло Мила беше подобра од италијанката Грета Тарвара.
Во борбата за медал Мила ја совлада Пољакињата Татјана Томчак со 2:0 во рунди, иако во втората рунда при водство на противничката од 3:10, Мила направи фуриозна рунда и на крај, со резултат од 11:11беше прогласена за победник поради 5 казнени поени на противничката.
Минатата година, токму Томчак ја порази Мила на еден од турнирите. Во полуфиналето ја победиваме Турчинката Сервел Чакал, ова е прва победа на Мила над Чакал по 3 порази во минатото. Во финалето Мила ја победи Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали.
Извонредната форма на Мила продолжува до нови успеси под водство на тренерот Александар Ефтимов!