Единствениот начин да се соочиме со предизвиците и кризите кои се мултициплираат е преку мир, дипломатија и владеење на правото, порача од Атина Евангелос Калпадакис, координатор Институтот за мир, „Алексис Ципрас“.
Тој се осврна на клучните заложби на Институтот.
„Денес Институтот го презема првиот чекор со иницијативи и акции. Се надеваме дека овие чекори ќе бидат дел од јавната дебата во Грција, Европа и на меѓународно ниво за важните прашања што се актуелни во овој период. Во време кога контраполитиките добиваат сила и остават повеќе простор за екстремната десница, Институтот Алексис Ципрас има амбиција да игра активна улога во напорите да ги врати политиките кај граѓаните и граѓаните во политиките во Грција, во Европа и насекаде. Потребата за демократска и особено прогресивна визија, денес е поголема од кога било. И во Европа и во нашиот регион, главната цел на Институтот е да мобилизира личности од политиката, дипломатијата, научната заедница и граѓанското општество за да создадеме нови политички предлози. Нашите активни политики имаат за цел да ги решат проблемите и разликите, на основа на меѓународното право, со меѓусебна почит кон Преспанскиот договор и со стратегија за зачувување и заштита на меѓународното право. Немаме луксуз да го одложуваме или да го одржуваме опасното стагнирање, ниту во Европа, ниту на меѓународно ниво. Немаме луксуз да ја префрламе вината на другите или да ги одложуваме одлуките за следните генерации“ посочи Калпадакис.
Меѓународната конференција за мир и одржлив развој, е организирана од Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите, се одржува денес и утре а предвидено е учество на шефови на држави, европски комесари, академици, поранешни шефови на држави и експерти од повеќе области.
На Конференцијата ќе се обратат и поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.